КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО РЕГИОНАЛНИТЕ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТРИ И ЗАВОДИ

На 2.9.2025 година, во просториите на Националниот конзерваторски центар се одржа координативен состанок со директорите на регионалните конзерваторски центри од Скопје и Гостивар, односно заводи за заштита на спомениците на културата од Прилеп, Штип, Струмица, Битола и Охрид. 

Целта на состанокот беше зголемена меѓуинситуционална комуникација со цел побрзо и поефикасно надминување на административните обврски кои произлегуваат од процесот на заштита на културното наследство.

Беше нагласено дека укажувањето стручна помош, која произлегува од Законот за заштита на културното наследство, да биде со институционално обраќање до установите, а не до поединци или барање конкретен вработен со цел да се задржи нивото на професионалност.

Во однос на годишните програми и проекти, како и вонпрограмските активности се договори тие да бидат димензионирани во согласност со капацитетот на установите, како и според расположливиот стручан кадар.

Зголемената координација меѓу овие установи треба да доведе до поефикасно реализирање на предвидените активности со цел што поголем број реализирани проекти во заштитата, особено на недвижното културно наследство, што, пак, е основа за развој на културниот туризам.

Galerija_SostanokDirektorii_-8884

Image 1 of 10

м-р Александар Јорданоски,

директор на Националниот конзерваторски центар

фото: Љупчо Тануровски

You may also like...